Во рамките на проектот „Училиште без страв, училиште со глас“, месецов се одржаа по две работилници од ученици за нивните соученици во основните училишта „Браќа Миладиновци“ и „Крсте Мисирков“.
„Преку драмски вежби, игра на улоги и симулација на реални конфликтни ситуации, учениците активно учествуваа во учењето и заедно бараа начини за мирно надминување на несогласувањата. Активностите беа насочени кон развивање вештини за комуникација, активно слушање, меѓусебно почитување и соработка. На овој начин учениците не само што учат за медијацијата, туку самите стануваат носители на знаењето и пример за своите врсници“, велат од здружението „Доверба“.
Проектот „Училиште без страв, училиште со глас“ го реализира здружението „Доверба“ – Куманово, со поддршка од Општина Куманово.
Фото: Здружение „Доверба“ – Куманово.