(ВИДЕО)ООУ „Кочо Рацин“ – домаќин на ученици и наставници од Франција преку Еразмус проект

Ученици и наставници од основно училиште од Франција од денеска се во Куманово во рамките на Еразмус проектот „Учиме од чудесната природа“. Домаќин на неколкудневните активности е партнер училиштето во проектот „Кочо Рацин“. Целта на проектот е учесниците да се запознаат и да направат споредба меѓу екосистемот на шумите во Македонија и екосистемот на морето во Франција.

-Основната цел на проектот е природата, како да учиме од неа и како да ја сочуваме, меѓутоа поспецифична цел на проектот е сепак да се запознаеме со екосистемот на шумите во нашата држава, почнувајќи од тука, во наша близина со една попладневна активност во шумата во Биљановце, а веќе од утре продолжуваме со тридневни активности во националниот парк Маврово. Нашите 12 ученици кои што се директно вклучени во активностите предвидени за оваа недела, како и седумте ученици од Франција, двете колешки од Франција и нашиот тим од седум наставници од „Кочо Рацин“, утре заминуваме во Маврово и таму со помош на експерти  од Македонското еколошко здружение, како и „Ренџери“ од НП Маврово ќе научиме нешто повеќе за флората, фауна, како функционира еко-системот, биоценоза и сл. и ќе се запознеме со различни видови на птици, ќе слушнат учениците нешто повеќе за рисот, а сето тоа што ќе видат и ќе го научат за овие неколку дена, веќе во петок ќе работат во групи, ќе изработат презентации по дадени критериуми со кои што ќе бидат запознаени денеска. Интересно е што имаме клучеви за идентификација изработени и учениците тоа што ќе го видат ќе треба да го забележат, запишат, фотографираат, да снимаат аудио записи за птиците со помош на експертскиот тим, изјави Анита Димовска, професор по англиски јазик во ООУ „Кочо Рацин“

Ова е втора средба на партнер училиштата од реализацијата на проектот „Учиме од чудесната природа“. На почетокот на годината, тим наставници од „Кочо Рацин“ учеше за истражување на екосистемите во Франција, а возвратната посета со тимот на учениците се планира во мај годинава.

-Целта на оваа недела е учениците да можат да направат споредба меѓу двата еко системи, еко системот на шумите во Македонија и еко системот на морето во Франција. И не само тоа да научат нешто повеќе за еко системите на шумата тука, туку една од најважните цели е и да стекна нови пријателства, да се запознаат, да се дружат со нивните пријатели тука. Проектот започна на први септември 2020 година, за жал во периодот на ковид и секако дека наидовме на некакви тешкотии, онлајн се одвиваа активностите, би требало да завршиме со сите превидени планирани активности на 31 август 2022, изјави Габриел Ривиер, професор по математика од училиштето од Франција

Основното училиште „Кочо Рацин“ веќе соработуваше со истото училиште од Франција во рамките на друг проект кој успешно беше реализиран.

 

Коментари

коментар(и)