Театар Куманово се приклучува на хуманитарната иницијатива „Театрите за СОС Детско село“ – по повод 25 години СОС Детско село со изведба на претставата за деца „Црвенкапа“. Сите средства собрани ќе бидат донирани за децата и младите за кои се грижи СОС Детско село.
Секоја купена карта значи поддршка за децата и младите. Претставата ќе биде изведена утревечер на малата сцена во центарот за култра со почеток во 18 часот.
„Црвенкапа“ е во режија на Бојана Краљевска Стојков.
Играат: Александра Михајловска Величковски, Никица Јанковски, Давид Илиќ, Владанка Крстевски и Анастасија Трајковиќ.