(ВИДЕО) Општината инвестира во образованието во Куманово

Над 160 проекти за подобрување на условите во училиштата реализираше општина Куманово во изминатите четири години. Голем број основни и средни училишта се реконструирани, опремени со нови смрт табли, помошно технички помагала за изведување на наставата, нови училишни спортски терени со тартан подлога. Инвестициите продолжуваат. Во моментов активно се работи на реконструкција на училишната зграда во Гимназијата „Гоце Делчев“ , а се се работи и на партерно уредување со бекатон на училишниот двор во „Перо Наков“ и замена на подот во четири училници.

Изминатиов период се инвестираше и во основното училиште „Христијан Карпош“ преку проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и реконструкција на средни и основни училишта во РСМ“.

-Добивме околу 8 милиони денари кои беа инвестирано во нашето училиште, дел од средствата беа за замена на целокупната кровна конструкција, санитарните јазли, подовите во училиштето и замена на сите останати до сега незаменети прозорци со нова пвц столарија. Со тоа на некој начин успеавме да ги подобриме условите во училиштето, за да добиеме многу поквалитетна и многу подобра настава и услови во кои што наставата ќе се изведува беспрекорно за сите ученици и вработени.

– Училишната спортска сала која е благодет за 1.250 ученици кои што гравитираат во нашето училиште е изградена во времето на градоначалникот Зоран Дамјановски. Салата се загрева, нормално во зимски услови додека трае греењето од училиштето, односно зависно од потребите за да имаме нормални услови за одвивање на настава во самата сала, изјави Мирољуб Пауновиќ, директор на ООУ„ Христијан Карпош“

Училиштето „Христијан Карпош“ е вклучено и во проекти од Еразмус плус програмата.

-Нашето училиште во континуитет со години е дел од проектите на програмата Еразмус плус кои што го водат одговорни наставници од училиштето. Минатата година имавме реализирано седум проекти, оваа година два проекта се во тек, изјави Пауновиќ.

Основното училиште ,,Христијан Карпош’’ е основано во 1959 година.