(ВИДЕО) Организацијата WIRE со повеќе изложби

Кумановци се уште имаат можност да ги видат делата на уметниците Ѓорѓи Антевски и Игор Манојловски- КАЛЦ кои до петок ќе останат изложени во салата на Занаетчискот дом. Изложбите се дел од WIRE ARTWORKS 2021, а како проект се поддржани од министерството за култура.

Влатко Христов, еден од организаторите најавува уште две изложби од кумановски уметници до крајот на годинава. На 29-ти ноември ќе биде отворена ретроспективна изложба на фотографии од Марјан Јаневски- Шалајко, кој на полето на фотографијата активно работи и изложува уште од 1982 година, а од 1983-та година е член на Фото Сојуз на Македонија. До сега има организирано две индивидуални изложби на уметничка фотографија. Во својата богата творечка историја учествувал на повеќе од 100 групни изложби во земјава и странство, освојувајќи преку 30 награди за уметничка фотографија. Автор е на фото-монографија со повеќе од  250 фотографии за Куманово.

„И во време на пандемија, секој граѓанин заслужува да биде дел од културни настани“, вели Драган Трајковски од организацијата WIRE, посочувајќи дека годинава беше успешна за нив со повеќе реализирани активности, електронски фестивал, две промоции на албум на Авелина и сл.

Организаторите се надеваат дека квалитетот ќе биде препознаен и за идната година ќе добијат уште поголема поддршка од министерството за култура кога станува збор за проектите со кои што аплицирале.

Коментари

коментар(и)