(ВИДЕО)Отворена изложбата „Низ објективот на Дени“

„Низ објективот на Дени“ е насловена првата самостојна изложба на фотографот Дени Синадиновски која што од вчера е поставена во изложбениот салон на центарот за култура „Трајко Прокопиев“. Изложбата претставува симбиоза на два уметнички сегменти, чија што приказна започнува во 2012 година, кога се формира aнсамблот „Македонија“, кој е репрезент на македонската традиционална култура, а годинава обележува десетгодишно постоење. Уште од самото формирање Дени Синадиновски, етнокореолог е дел од aнсамблот Македонија.

„Како познавач на традицијата, воедно и на сценските адаптации на aнсамблот „Македонија“, Синадиновски успева да ги фотографира клучните сегменти. Во неговите фотографии се забележани детали кои само вистински познавач на материjалот може да ги забележи“, оценува историчарот на уметност Роберт Цветковски.

-Фотографирањето како идеја, како хоби токму од формирањето на aнсамблот пристигна кај мене. Со првата турнеја во 2013 та година, првата турнеја на aнсамблот ни беше во големата Јапонија, во азискиот дел. Со самото пристигнување во Јапонија јас го купувам првиот апарат. Оттогаш почнува и моето фотографирање. На саматa изложба поставени се дваесетина фотографии кои што се расподелени во неколку категории. Првата категорија се фотографии каде што настапува ансамблот на концертни настани, поголеми концерти, мини концерти и мали настани. Втората категорија се поставени неколку фото- сесии односно сесии посветени на Македонци муслимани и фотосесија посветена на Ѓорче Петров. Третата категорија е од снимањата документарни филмови како што се документарни филмови за лазарици, за водичарки, снимање за документарниот филм за Овче поле, односно Свети Николе и еден од поголемите проекти на ансамблот Македонија поврзан со Бигорскиот манастир за снимањето на спотот  „Небо и земја“. Покрај оваа изложба, втората изложба која што не е моја лична, туку е на ансамблот „Македонија“ кои што јас ги фотографирав фотографиите е насловена како „Скопје со културните добра“.

Изложбата „Скопје со културните добра“ во моментов патува низ изложбените салони во другите градови , а наскоро се очекува да биде прикажана и во центарот за култура „Трајко Прокопиев“, информира Синадиновски.

Инаку,  љубителите на фотографијата и на традиционалните вредности можат да го посетат изложбениот салон на „Трајко Прокопиев“ и да ја видат поставената изложба.

-Имавме навистина голем интерес од публиката во Куманово. Ги повикуваме сите од Куманово, целата публика да дојде и да ја видат оваа интересна изложба во центарот за култура. Тоа се фотографии од традиционални народни носии така што очекуваме дека ќе има интерес од публиката. Изложбата ќе биде поставена до 20 април, изјави Тодоровски.

Следната изложба што ќе биде поставена во центарот за култура на 21 април годинава е изложба на традиционален златен накит од Македонија.

 

 

Коментари

коментар(и)