(ВИДЕО)Се зголемува членарината за услугите на градската библиотека

За 50 денари се зголемува членарината за основците и средношколците за користење на услугите на библиотеката „Тане Георгиевски. 50 денари дневно ќе плаќаат и граѓаните, претежно студентите кои што најчесто ја користат читалната. Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на општината.

Дали постоела методологија при донесувањето на одлуката за зголемување на членарината, направена ли е посериозна анализа за зголемувањето од причина што повисоките цени можат да резултираат со одлив на членството, кога ќе профункционира читалната, зошто детскиот оддел не се загрева доволно, дали законски се реализирани неколкуте последни  вработувања, но и што се превзема за популаризација на книгата, беа дел од прашањата на советникот од СДСМ, Александар Јовановски до директорката на библиотеката Христина Алексовска.

Читалната најверојатно ќе проработи од понеделник, но според важечките протоколи треба да биде исполнет само 30 проценти од вкупниот капацитет, кој што изнесува 20 места, рече директорката Христовска, дополнувајќи дека спомнатите вработувања се законски, се затоплува просторијата во која се сместени вработените во детскиот оддел ,а библиотеката се уште е втора во државата по бројот на набавени книги и литература.

Библиотеката „Тане Георгиевски“ минатата година за набавка на нови книги потрошила 1,4 милиони денари.

 

Коментари

коментар(и)