(ВИДЕО) Ѓорѓиевска: Заштита на животната средина е приоритет на општината

„Со создавањето на зелени површини, со одржувањето на хигиената, доведувањето на гас во близина на повеќе клучни јавни институции и установи, расчистувањето на повеќе од сто диви депонии на територијата на општината се покажа дека во изминатите четири години животната средина е еден од главните приоритети на Општина Куманово“, рече на денешната прес-конференција Ивана Ѓорѓиевска, носителка на листата за кандидати за советници на иницијативата „За Наше Куманово“.

-Се уредуваат парковите и се создаваат нови зелени површини. Редовно се врши чистење на дел од речните корита на реките Којнарка, Липковка, Кумановка. Расчистени се 104 диви депонии на целата територија на општината. Се организираат акции за чистење и се садат нови садници. Во раззеленувањето на градот засадени се повеќе од 15.695 садници во изминатиов период, од 2017 година досега. Изградена е нова викенд зона на локалитет Студена вода. Пуштени се во употреба нови 8 камиони за собирање на смет, обезбедени се нови 150 контејнери за смет, а се поставија и полуподземни контејнери за отпад во Куманово, рече Ивана Ѓорѓиевска, носителка на листата за кандидати за советници на иницијативата „За Наше Куманово“.

Заштитата на животната средина ќе биде приоритет и во следниот мандат на Општина Куманово предводена од граѓанската иницијатива „За Наше Куманово“, посочува Ѓорѓиевска.

Ширење на гасификационата мрежа и намалување на цената за приклучок, затворање на депонијата Краста и нејзино претворање во претоврана станица за отпад, поставување на соларни панели на јавни установи и општински институции, како и енергетски ефикасни фасади, се само дел од проектите кои се предвидени, во како што вели Ѓорѓиевска, победничката програма за имплементирање по 17-ти октомври.

– Ќе изградиме три нови градски паркови и реконструкција на постоечкиот градски парк, и тоа: Изградба на нов парк на влез во село Проевце; Изградба на нов парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол; Изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев. – Ќе следува целосна реконструкција на стариот градски парк и негова трансформација во смарт парк со многу различни содржини. – Ќе направиме урбан сквер со зелена површина, урбана опрема и детско катче во секоја локална заедница. – Ќе ги заштитиме сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генерален урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема во Куманово. Нашата обврска како одговорни чинители во општеството кои мора да допринесат за почиста и позелена општина, ќе ги реализираме и следните цели: – Уредување на речно корито на реките Липковка и Кумановка и спојување со нов градски парк во с. Проевце. Уредување на двете страни од речното корито со зелени површини, трим патеки, урбана опрема, простор за рекреација. – Поставување на систем за наводнување „капка по капка” на зелени површини по должина на булевар „Трета МУБ“ и булевар „Октомвриска револуција“. – Нови дрвореди на улиците „Ленинова“ и „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), булевар „Октомвриска револуција“, булевар „Трета МУБ“ и на сите други локации каде постои можност за тоа, а до овој момент сè уште не се реализирани.

Во програмата се предвидени и  изградба на катчиња за шетање на домашни миленици во градски паркови, на кеј и шеталиштата, како и поставување на фонтани за пиење вода на повеќе локации во градот.

Коментари

коментар(и)