(ВИДЕО)Јавен повик за капитални субвенции за развој на планските региони

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство вчера објави Јавен повик за доставување на барање за користење на средства за реализација на Програмата за капитални субвенции за развој на плански региони во областа на земјоделството и руралниот развој за 2022 година.

До 28.02.2022 центрите за развој на планските региони на територијата на Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој, имаат можност да конкурираат за користење на средства утврдени согласно Буџетот  за 2022 година. Капиталните субвенции за претпријатија и невладини организации се во износ од 24.000.000,00 денари. Овие средства ќе се користат за субвенционирање на проекти кои имаат за цел подобрување на пристапот до обработливи површини во подрачја на интензивна земјоделска дејност.

Право на учество на јавниот повик имаат центрите за развој на планските региони на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани согласно Законот за рамномерен регионален развој.

Максималниот износ на средства предвиден за дел на овој јавен повик изнесува 6.500.000,00 (шест милиони и петстотини илјади) денари од вредноста на прифатливите трошоци за проектот по корисник и тоа: трошоци за изведба и надзор на проекти кои ќе имаат за цел подобрување на патната инфраструктура во подрачјата со земјоделска дејност и обработливи површини. По завршување на проектот, до Министерството, задолжително се доставува комплетен финансиски извештај и наративен извештај за реализираните средства за имплементација на проектот, најдоцна 15 дена по крајниот рок за имплементација на проектот.

Барањето се доставува во пополнет образец БАРАЊЕ за финансирање на проекти од областа на земјоделството и руралниот развој, кое се доставува во еден оригинален примерок заверен и потпишан од страна на одговорното лице на субјектот. Воедно, еден корисник може да поднесе само едно барање за користење на средствата од оваа програма. Барањето со документацијата се доставува во затворен плик преку пошта на адресата на Министерството или со предавање во архивата на Министерството секој работен ден 9.00 до 15.00 часот.

Крајниот рок на доставување на барањето е најдоцна до 28 февруари годинава. Барањата кои нема да бидат доставени во предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

 

Коментари

коментар(и)