(ВИДЕО) Јакимовска: Со проектот „Мој еколог“ до системско решение за одржување на животната средина

Зелената агенда претставува императив во нашата програма „Најдоброто за Куманово“. Наша цел, е за 4 години да имаме чист и зелен град. За остварување на оваа цел го предлагаме проектот „Мој еколог“, со кој проект предвидуваме уредување на секој слободен квадрат. Со „Мој еколог“ внесуваме системско решение, а го напуштаме старото кампањско одржување на животната средина. Воведуваме нов начин на работа со менаџмент по квартови, односно со ангажирање на соодветен број на еколози кои ќе се грижат  за секојдневното и континуирано чистење и одржување на зелените површини.

Реализацијата на овој проект ќе се одвива во 5 етапи: определување по 5 населби секоја година каде ќе се реализира; исцртување на секоја населба, секој влез пред зграда, тротоар и слободен простор од страна на еколози и архитекти; поделба на секоја населба на квартови; уредување на секој слободен квадрат во квартовите; вработување на соодветен број на еколози, во зависност од големината на населбата, кои ќе се грижат за чистење и одржување на зелените површини.

Дополнително, за секој квадрат нов бетон, предвидуваме двојно повеќе зеленило.

Да го направиме Куманово европски град. Да направиме добар избор за најдоброто за нашата Општина. Да заокружиме број 12!, рече на денешната прес-конференција, Тања Јакимовска, кандидат за член на Совет на Општина Куманово

Коментари

коментар(и)