Рибарска бања е една од најстарите бањи во Србија, која се наоѓа на само 34 километри од Крушевац. Специјалната болница „Рибарска бања“ е намената за речиси сите коскени заболувања, сите облици на ревматизам, деформитети на рбетниот столб, повреди на зглобовите и слични заболувања.
Бањата која е на надморска височина од 540 метри, опкружена е со густа шума, субпланинска клима, свеж воздух, а се препорачува и за некои пациенти кои што имаат полесни белодробни заболувања.