(ВИДЕО) Бенинов: Фестивалот постојано расте, кумановци ни се блиски

Љубителите на комедијата синоќа имаа можност во рамки на фестивалот „Денови на комедија“ да ја проследат претставата „Паника во хотел Палас“ на театар „Антон Панов“ од Струмица.  Станува збор за дело во режија на Коле Ангеловски, а по текстот на Реј Куни.

Играат актерите Бранко Бенинов, Кољо Черкезов, Горан Ников, Игор Тодоров, Коста Ангов, Оливера Аризанова, Ванчо Василев,  Анкица Бенинова и Јасмина Вучкова.

Добропознатиот актер Бенинов вели дека секогаш со задоволство настапува во Куманово, на фестивалот кој секоја година е на повисоко ниво.

-По толку години играјќи на самиот фестивал, мислам дека досега нема година, можеби една-две сме промашиле. Нашите комедии поминуваат многу добро, публиката ги сака. Можеби сме слични по темперамент, кумановци и струмичани се некој чуден народ, пред се говорот. Самиот говор е заштитен според мене до бескрај, затоа што има своја музика, комедија во самиот говор, ми се чини дека многу добро се снаоѓаме на таа сцена. Ние со кумановски театар имаме правено заедничка претстава во далечните 90-тите години. Тоа беше Магбет, не споија двата ансамбли и направивме една брилијантна претстава. Многу ни е близок како народ, театар се чувствуваме прекрасно-истакна тој.

Тој се надева дека во иднина и младите од двата театари ќе добијат можност заедно да работат на претстава.

Коментари

коментар(и)