Активните баратели на работа можат да се пријават на јавниот оглас објавен од Агенцијата за вработување за мерката „Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд“.
Со мерката опфатени се повеќе обуки. За дел од нив е потребно минимум основно образование, а за останатите минимум средно образование, појаснуваат надлежните.
Лицата кои што ќе бидат вклучени во обуките ќе добиваат месечен бруто надомест во висина од 9.000 денари.