ВИДЕО: Гимназијалци преку проект во посета на Бјеловар

Ученици и наставници од Куманово изминатата недела беа во посета на Бјеловар, Хрватска во рамки на соработката на збратимените училишта, СОУ Гимназијата „Гоце Делчев” и Туристичко-угостителското и прехранбено училиште од Хрватска.  Ана Бојковска, Меланија Марковиќ, Мелани Максимовска, Дора Димовска и Никола Васиљевски во придружба на наставничките Елена Маневска-Станојковска и Александра Маневска изминатата недела имаа можност  да учествуваат во работилници, истражувачки дејности, но и да се запознаат и со материјалните и нематеријални културни богатства во околината на Бјеловар, како и во главниот град на Хрватска, Загреб. Активностите беа дел од проектот „Одржување на културно, материјално и нематеријално богатство на нашата татковина“.

Учесниците во проектот се надеваат дека следната средба со партнер-училиштето повторно ќе биде организирана во Куманово.

Коментари

коментар(и)