Градежните активности од втората фаза од реконструкцијата на кумановскиот театар веќе се започнати. Министерстворто за култура за оваа фаза одобри 12 милиони денари, информираат надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ .
– Оваа фаза опфаќа водовод, канализација, електрична инсталација со цел да се инсталира потребната подземна инфраструктура за да може да почне со реализација во третата и четвртата фаза од реконструкцијата на објектот. За втората фаза одобрени се 12 милиони денари. Има доволно средства за реализација и очекуваме да се одобрат средства за наредната фаза. За првата фаза која според стручните беше најтешка и за неа беа одвоени 15 милиони денари, завршена е потребната реконструкција, иако на терен екипите се соочуваа со непредвидени дејности, изјави Сашо Тодоровски, директор на НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово
Видеото по вестите во 18 часот.