Во организација на Асоцијацијата за уметност и култура „МУЛТИ АРТ“ и ТВ Плус вчеравечер се одржа детскиот фестивал „Бисерчиња“, на кој беа промовирани видео спотови за песничките со кои што се претставија учесниците.
Промоцијата се одржа во Занаетчискиот дом пред многубројна публика која имаше можност да ужива во 12 изведби од дечињата.
Културниот настан е поддржан од општина Куманово и општествено одговорни компании од градот.