ВИДЕО: „Доверба“ со завршна манифестација од проектот „Заедно сме посилни“

Здружението „Доверба“ од Куманово денеска организираше завршна манифестација од проектот „Заедно сме посилни. Преку врсничка едукација до здравје и ненасилство“.

Целта на програмата е да се поддржи менталното здравје, да се зајакне психосоцијалната и социоемоционалната стручност кај младите луѓе, како и кај образовниот персонал и да се создаде безбедна, поддржувачка и ненасилна средина во четирите средни училишта во Куманово, вклучени во проектот кој финансиски е поддржан од Екуменска иницијатива жена Омиш, Хрватска.  

„Проектот не е само збир на активности, туку доказ дека кога младите имаат простор и поддршка тие создаваат свет во кој сите сакаме да живееме“, истакна раководителот на проектот Дивна Јанкова, претседател на здружението „Доверба“.