ВИДЕО: Доделени сертификати за успешно завршена обука

Во центарот за вработување во Куманово денеска беа доделени сертификати за успешно завршена обука како дел од мерката „Обука за побарувани занимања“. Триесетина невработени лица кои што беа учесници во обуката добија сертификати за службеник за сметководство, за оператор за компјутерски системи и мрежи, фризер и дигитален маркетер.

Сертификатите им ги доделија спроведувачите на обука кои учествуваа во мерката „Обука за побарувани занимања“.

Обуката е дел од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување финансиран од ЕУ преку ИПА 2 четврти директен грант.

Коментари

коментар(и)