ВИДЕО: Донација од „Бучен Козјак“ за детското одделение во болницата
Детското одделение во кумановската болница доби донација од компанијата „Бучен Козјак“. Донацијата која се состои од постелнини, инхалатори и топломери е во пресрет на Светскот ден на детето, истовремено и Светскиот ден на млекото – 01 јуни.
Претставници на општествено одговорната компанија „Бучен Козјак“ заедно со директорот на болницата м-р Сашо Стошевски, началничката на детскиот оддел д-р Маргица Арсовска и главниот медицински техничар Владимир Симоновски ги посетија пациентите на одделението и им врачија подароци.
Производите на компанијата се препорачани и од Здружението на педијатри на Македонија.
Видерото со изјавите од директорот на болницата м-р Сашо Стошевски и началничката на детскиот оддел д-р Маргица Арсовска по вестите во 18 часот.