„Од пракса до реализација – изучување и примена на иновативни и еколошки ефективни методи од областа на електроенергетика и мехатроника – From practice to implementation- studying and applying innovative and environmentally efficient methods from the field of electrical engineering and mechatronics“), е насловен Еразмус + проектот што го реализира средното техничко училиште „Наце Буѓони“ врз основа на претходно потпишан договор со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Во рамките на проектот 16 ученици од електротехничката струка, од профилите електротехничар-енергетичар и техничар за индустриска мехатроника и двајца наставници по електро предмети имаа можност од 23 март до 05 април годинава да посетат десетина компании во Стара Загора, Поморие и Бургас во Република Бугарија со цел да се запознаат со примената на иновативните и еколошки методи во бугарските компании.
Денеска во просториите на техничкото училиште се одржа завршниот настан од проектот на кој учениците пред своите соученици, наставници, директорот Драган Јаневски и раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ ги споделија своите искуства и стекнати знаења од посетата на компаниите.
Видеото со изјавите од наставниците по електро предмети Новица Ѓорѓевски и Александар Цветков, и учениците – учесници во проектот, по вестите во 18 часот.