Во туристичко -информативниот центар во село Пчиња денеска се одржа завршен настан од четвртата детска ликовна колонија „Пчиња 2025“во организација на хуманитарното здружение „Мајка“ поддржана од општина Куманово преку програмата за култура за 2025 година. На колонијата учествуваа по двајца ученици од десет оснповни училишта. Учесниците имаа можност да творат на темата „Бислимска клисура и реката Пчиња“, а нивните дела секако дека придонесуваат во зачувување на природната убавина.
Пред присутните се обрати програмскиот координатор во ХЗ„Мајка“, Ивана Цветковиќ – Стојчева. Во рамките на завршиот настан беше реализирана и кратка програма подготвена од учениците заедно со своите наставници.
Ана Александриа Илиевска се претстави со своја песна насловена Летна журка која ја испеа на детскиот фестивал Распеано детсво, а ученичките од ООУ „Карпош“ од село Умин дол, Ана Стефановска и Милица Савиќ прочитаа стихови од Ацо Шопов и Блаже Конески.
На ликовната колинија беа наградени три дела, а комисијата беше во состав од Тања Соларска Темелковски, Марјан Стошевски и Ивана Цветковиќ – Стојчева.
Сите останати учесници добија благодарници за учество на ликовната колонија, а на претставници на општина Куманово им беа доделени благодарници за поддршката и успешната соработка.