ВИДЕО: Државна лотарија ги поддржува и спортските настани

МЗТ Скопје убедливо го победи МКК Куманово во полуфиналната серија и е првиот финалист во овосезонскиот плеј-оф од Првата македонска кошаркарска лига.

Натпреварот помеѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје беше третти по ред, а првиот во Куманово одигран во училишната спорста сала „Перо Наков“ во рамките на полуфиналето. Домашните кошаркари беа декласирани уште во првото полувреме.

Настанот беше поддржан од Државна лотарија на Македонија, која како општествено одговорна компанија континуирано поддржува и многу други настани од спортски, културен и образовен карактер.

Инаку, Државна лотарија на десетти мај годинава го промовираше новиот инстант лоз „Калинка“ пред продажното место Павел Тобако во Куманово.

Со купување на само една грепка граѓаните имаат шанса да станат добитници на парична награда во износ од 70 до 700.000 денари. Она е што е исклучително важно е да се верува во игрите на среќа бидејќи никогаш не се знае кога ќе станеш среќниот добитник.

Во оваа 15-та година од приредувањето игри на среќа Државна лотарија го истакнува значењето на плодот калинка земен како симбол во новото корпоративно лого и го вклучува во игра во којашто трите калинки ќе донесат и среќа и благодeт и радост.