Членовите на ИПА Регион Куманово повторно во хуманитарна мисија.
Прехранбени артикли, облека, средства за лична и колективна хигиена, парични средства беа собрани викендов во хумантарната акција што се одржа во просториите на ИПА Регион Куманово, по повод Денот на полицијата.
Членови на асоцијацијата, општествено одговорни компании од Куманово, граѓани доброволно дадоа свој придонес за успешната реализација на акцијата, која се спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот крст од Куманово.