За основците и средношколците денеска е последниот училишен ден од учебната 2025/26 година. Над тринаесет илјади ученици оваа учебна години посетуваа настава во училиштата во Општина Куманово, а за матурантите во тек е полагањето на матурскиот испит, соопшти на денешната прес-конференција раководителот на Секторот за образование Александар Јовановиќ.
„Во оваа прилика би сакал да им посакам успех на учениците во полагањето на матурскиот испит, било која матура и да ја имаат избрано да ја полагаат, а потоа нормално и запишување на факултетот кој тие ќе си го изберат. На останатите ученици од прво до деветто одделение и од прва до трета година им посакувам убав и успешен активен летен одмор“, истакна Јовановиќ.