Со постепено зголемување на температурата започнува и сезоната на убоди од инсекти (пчели, оси, пајаци, стршлени) особено ако се престојува во природата. Убод од таквите инсекти не е опасен по здравјето на граѓаните, велат лекарите, но пациентите кај кои што се јавува алергиска реакција треба да побараат лекарска помош. Постојат и случаи кога пациентот заради голема алергиска реакција останува на болничко лекување.