ВИДЕО: ЗНАМ: Преку еднаквост до похумано и поинклузивно општество за сите

По повод Меѓународниот ден на белиот стап, прес-конференција на градскиот плоштад денеска одржа Христијан Ѓорѓевиќ, магистер по правни науки и кандидат за советник од Движењето ЗНАМ – За наша Македонија.

„Во нашата програма активностите за лицата со попреченост се многу значајни, па затоа и како советник ќе се залагам за попристапно и поинклузивно општество“, истакна Ѓорѓевиќ.