ВИДЕО: Ивановиќ: ВМРО-ДПМНЕ е за образование по мерка на европските вредности

Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска на Светскиот ден на учителот одржа прес-конференција на која упати неколку прашања до Владата поврзани со образовниот процес во Македонија.

-До каде е печатењето на учебниците?

-Зошто учениците своите свидетелства ги добија на почеток на новата учебна година?

-Зошто учебната година започна без да бидат организирани обуки по сите предмети , согласно новата Концепција за основно образование?, праша Тања Ивановиќ од Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ Куманово.

-За ова и за многу други недоследности одговори и одговорност мора да има. Ние како ВМРО-ДПМНЕ, како одговорна и исполнителна политичка партија, секогаш сериозно пристапуваме кон изнаоѓање решенија за сите проблеми, вклучително и тие создадени и напластени од Вас во ресорот Образование и наука. Во таа насока сакаме да го истакнеме последниот настан кога, за среќа на учениците и наставниците го прифативте нашиот предлог за префрлање на училиштата од индустриска струја на регуларен пазар, рече Ивановиќ.

На денешниот ден, 5 Октомври, Комисијата за образование и наука на ОК ВМРО-ДПМНЕ меѓу другото, посака образование по мерка на европските вредности, со дефинирана стратегија за развој, образование кое нема да биде во служба на ничии политички интереси, образование во кое ќе се води грижа за талентраните ученици и образование во кое на учителот ќе му вратен дигнитетот и авторитетот, онака како што доликува.

Коментари

коментар(и)