Реконструкцијата на градскиот парк кај автобуската станица започна со изградба на паркинг простор за посетителите.
Преку проект на Центарот за развој на североисточниот плански регион, паркот за седум месеци ќе биде трансформиран во смарт парк со повеќе различни содржини, нови пешачки патеки, нов спортски терен, ново детско игралиште.
Граѓаните се задоволни што стариот градски парк повторно ќе стане омиленото место за одмор и рекреација на кумановци од сите возрасни групи.
Согласно потпишаниот договор во вредност од 11 милиони и 200 илјади денари предвидено е реконструкцијата да заврши до 30 септември, годинава.
Освен модернизација на постоечкиот градски парк, општината најавува изградба на нови градски паркови, во селото Проевце и населбите Тоде Мендол и Гоце Делчев.