Естрадниот уметник Бобан Зафировски од Куманово, познат како Боби Амадеус ја освои првата награда за композиција на 18-от Светски Тамбурица фест што месецов се одржа во Нови Сад. Песната е насловена Новосаѓанка, но преведена и испеана на македонски јазик.
Повеќе детали за учеството на фестивалот во Србија, за престижното признание, но и за учеството на „Тумба фест“ и на музичкиот фестивал за деца „Бисерчиња“ со своја музика и аранжман, ќе слушнете од Боби Амадеус, во интервјуто кое ќе се емитува веднаш по вестите.