Во рамките на проектот „Економско вклучување и правда за жените од Западен Балкан“ денеска во Куманово се одржа информативна средба за учество во Програмата за поддршка на женско претприемништво, а се однесува на жени кои што имаат бизнис идеја и сакаат да отворат свој бизнис или жени претприемачки кои сакаат да го унапредат сопствениот постоечки бизнис.
Носител на проектот е CARE International Balkans во партнерство со четири организации од регионот, меѓу кои и Консалтинг за стратешки развој, како национален партнер за Македонија, а го реализира хуманитарното здружение „Мајка“ во општините Куманово и Крива Паланка.
Проектот започнал на први јули годинава, а ќе трае до 30 јуни 2027 година.
Донатор е Австриска развојна агенција.