Претставници на група засегнати граѓани кои протестираат заради ретроактивно оданочување на нивните приходи од странство денеска на прес-конференција информираа за исходот од вчерашната средба со претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска и координаторите на политичките партии кои партиципраат во Советот на Општина Куманово.
Како што соопштија во име на засегнатите, Зоран Наковски и Жикица Миланов средбата била конструктивна, а договорен е уште еден состанок во истиот состав на втори февруари годинава.
Инаку, веднаш по вестите на ТВ Плус ќе имате можност да го проследите интервјуто со Зоран Наковски и Сашо Недељковски, во пресрет на утрешната средба со директорката на Управата за јавни приходи Елена Петрова во Скопје.