„Кумановски речник, Кумановски муабети“ е насловено најновото дело на двајца добропознати кумановци, Кирчо Соларски и примариус доктор Јордан Пачков.
Станува збор за азбучен толкувач на позначајни поими и изрази на кумановски дијалект. Делото наскоро треба да биде официјално промовирано во Занаетчискиот дом, но Соларски и Пачков за Телевизија Плус зборуваат за мотивите, што ги поттикнале да го создадат, дали ќе има ново продолжение и на што работат во моментов.