Македонската фудбалска репрезентација загуби од екипата на Португалија и не успеа да се пласира на Светското првенство во Катар. За поразот во Порто е најзаслужен фудбалерот на Манчестер јунајтерд Бруно Фернандеш кој даде два гола.
Фудбалерите на теренот беа достојни ривали на Португалците, а на трибините повеќе од 1.000 македонски навивачи навиваа во сите 90 минути.
За репрезентацијата се навиваше и од плоштадот во Куманово. Општина Куманово организираше видео бим за заедничко гледање на натпреварот. Кумановци со знамиња и дресови ги бодреа црвено-жолитите.
Македонија изминативе неколку дена беше тема број еден во европскиот фудбал, откако во Палермо славеше против четирикратниот светски и актуелен европски првак Италија.
Фудбалерите по 30 годин беа на чекор од Светско првенство и тоа дава право на оптимизам дека во блиска иднина може да се направи и тој последен чекор, и Македонија да заигра на Мундијал уште во 2026 година.
По поразот од Португалија македонскиот селектор Благоја Милевски им оддаде почит на своите избраници иако Португалија победи со 2-0.
Тој смета дека искуството од последните два натпревари ќе и помогне на репрезентацијата да се доближи до најдобрите европски селекции.