Новиот претседател на здружението на пензионери Куманово Методија Манојловски потврдува дека ќе се одржи вонредна седница, но потенцира дека кога се работи по Статут и по Закон за здружение не може да биде нелегитимно.
Манојловски за претседател е избран на вонредно Собрание на Здружението на пензионери Куманово на петти јуни годинава. Собранието било свикано на барање на повеќе од една третина од делегатите, а со потребното мнозинство гласови од функцијата бил разрешен од функцијата Ристо Бошков.