(ВИДЕО) Млади кумановци со краткометражен филм „Околу нас“

„Околу нас“ е насловен краткометражниот филм на група млади кумановци. Режијата е на Стефан Павличек, а играат Николај Павловски, Дејвид Стоилковски, Бојан Костовски, Стефан Павличек, Ивана Стефановска, Слаѓан Арсовски и Александар Трајковски.

Режисерот вели дека инспирацијата за овој филм дошла од неодговорноста и незаинтересираноста на младите за проблемите и промените во општеството, односно опкружувањето во кое живеат. Во младите владее дух на одбивност кон системот во кој живееат, бидејќи сметаат дека се отфрлени од општеството. Идејата е преку овој филм да покажат дека улогата која ја имаат младите во општеството е огромна и нивното мислење е најважно. Да веруваат во своите способности, идеи, да бидат сигурни во себе кога донесуваат одлуки, да се ценат самите себе и да сфатат дека немаат само права туку имаат и обврски. Пораката до младите е да учестуваат во промените, а не само да ги коментираат и да имаат мислење за нив, со тоа да го оправдаат своето постоење.

Камерата во филмот е на Марко Јовановски, звукот на Иван Станишковски, монтажа на Бојан Костовски, а преводот на Викторија Нестороска.

Share and Enjoy !

0Shares
0 0

Коментари

коментар(и)