Семејството на осомничената инспекторка од Куманово за наводно земање мито денеска пред Основниот суд Куманово одржа прес-конференција со цел да ги замолат надлежните институции да ја преиспитаат работата на, како што велат, кумановскиот суд. Според ќерката на инспекторката, три пати незаконски е продолжуван притворот на нејзината мајка која е со нарушена здравствена состојба, а која никогаш претходно немала проблеми со законот. Понудената гаранција за замена на затворскиот притвор со домашен е одбиена, вели семејството Трајковски.