Во организација на Мото клубот „Мечки“ од Куманово следниот викенд ќе се одржи веќе традиционалниот „Мото рок фестивал“ на спортскиот аеродром Аџитепе. На најголемиот рок настан во Македонија се очекуваат посетители од балканските држави и пошироко.
На сцената ќе настапат бендови од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, а првпат на годинешното издание на фестивалот ќе настапи и бенд од САД.
На првата фестивалска вечер која започнува на 13 јуни ќе настапат македонските бендови „Лектира“ и „Паркети“, по нив американскиот „The Hooten Hallers“ и на крај популарниот кумановски бенд „The Solution“.
Втората фестивалска вечер, во сабота на 14 јуни ќе настапат македонските „Overload“, „Riff band“ од Србија, „Стрингси“ од Босна и Херцеговина, по што ќе следуваат српските „Деца из воде ЕКВ“ и Срѓан Жика Тодоровиќ.
Организаторите ветуваат одлична дводневна програма и незаборавна забава за сите генерации.
Влезот е бесплатен, со обезбеден паркинг простор, информираат од клубот „Мечки“, кој успешно опстојува од 2008-та година.
Фестивалот е поддржан од општина Куманово.