ВИДЕО: Нови детски катчиња за најмалите во Куманово

На четири локации во градот во наредниот период ќе бидат поставени детски катчиња, соопшти неодамна градоначалникот Максим Димитриевски. Станува збор за локалитетот Водовод, улиците „Лесковачка „ и Есперанто“ и село Черкезе. Иако претходно беше најавено дека се планира поставување на шест детски качиња во Куманово и кумановско, сепак заради драстичната промена на цените, ќе бидат изградени помал број на игралишта, посочи Димитриевски.

-Беа предвидени како бројка шест, но не беа превидени доволно средства и со самата пресметка, бидејќи со промена на цените драстично во последните две години се промени и основната калкулација во делот на инвестиции, тоа што пред две години се купуваше со сто денари, денеска се купува со 150 и 200 денари и тие трендови се следат и во градежништвото иако последните неколку месеци барем тој сегмент трпи одредени корекции на цените, но сепак имавме предвидено како број, но немавме предвидено во основниот буџет доволно средства. Сега, истите тие средства само ги пренаменуваме за изградба на четири и тоа е цената на чинење, некаде такви детски катчиња се градат со околу 10.000 до 20.000 евра по локација во зависност како ќе бидат уредени, какви играчки ќе поставите, дали долу ќе биде земја, дали ќе биде тартан подлога, каков тартан итн. , изјави Максим Димитриевски, градоначалник на општина Куманово

Детските катчиња и парковите се секојдневие за децата од сите возрасти. Но, најчесто, неколку дена или седмици по поставувањето на играчките, поголемиот дел од нив делумно или целосно се уништуваа и не се во функција заради што надлежните апелираат граѓаните особено младите во Куманово да се грижат за она што за нив, но и за уредување на просторот го обезбедува локалната самоуправа.

Коментари

коментар(и)