(ВИДЕО) Новогодишен сообраќаен квиз за основците

Деветоодделенци од 16 основни училишта денеска учествуваа во новогодишен  квиз организиран од Отсекот за превенција при СВР Куманово и Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.

Иако имаше натпреварувачки карактер, сите учесници се победници и ќе добијат награда, велат организаторите.

Сепак, првото место на денешниот квиз го поделија Јована Павловска од  ООУ „Вук Караџиќ“и Матеј Каранфилов од „Браќа Миладиновци“, второ место освои деветоодделенецот Сретен Стамевски, а третото и припадна на Елеонора Љубојевиќ од училиштето „Карпош“.

Натпреварот се одржа во Занаетчискиот дом.

Повеќе од изјавата на Бојан Петковски од Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот.