Регионалната занаетчиска комора – Куманово денеска и в среда организира обуки во рамки на проектот: „Обуки за нови техники и алатки за дизајнирање и изработка на занаетчиски производи“.
Во рамките на овие обуки, врвни професори со меѓународно искуство ќе ги споделат своите знаења и вештини за модерни техники и алатки кои можат да го подобрат производствениот капацитет на занаетчиите.
Проектот е поддржан од министерството за економија и од Комората.
„Ова е одлична можност за сите вршители на занаетчиска дејност да ги унапредат своите процеси и да се запознаат со најновите трендови во дизајнирањето и изработката на занаетчиски производи. Настанот е наменет за микро и мали претпријатија, самостојни занаетчии и сите заинтересирани за усовршување во оваа област“, информира претседателот на Регионалната забнаетчискља комора, воедно и на Занаетчиска комора на Македонија, Агрон Фазлији.