ВИДЕО: Одбележана 111- годишнината од Кумановската битка

Со пригодна манифестација викендов на Спомен костурницата кај Зебрњак беше одбележана 111- годишнината од Кумановската битка.

Пораки од местото на првиот поголем оружен судир во Првата балканска војна меѓу српската и турската војска упатија српскиот министер за труд, вработување и социјални права Никола Селаковиќ и претседателката на Српската заедница во Македонија Гордана Јовиќ Стојковска.

Историските податоци говорат дека во Кумановската битка на српската страна имало над 700 загинати, повеќе од 3000 ранети и околу 600 исчезнати лица.

Коментари

коментар(и)