Општинската организација на Црвен крст од Куманово денеска го одбележа 17-ти март, Денот на крводарителството во Македонија. Беа доделени благодарници на повеќемина крводарители, меѓу нив и тројцата кумановци кои што досега дарувале крв повеќе од 100 пати, Драган Стефановски, Сашо Лазаревски и Бургим Мамути.
ВИДЕО: Одбележан Денот на крводарителството во Македонија
