ВИДЕО: Одобрени 30-ина проекти за Центарот за култура и Театар Куманово

Во рамки на годишната програма на Министерството за култура, кумановскиот Центар за култура и Театар Куманово добија средства за околу 30-ина проекти. Кумановци ќе можат да проследат изложби, концерти, театарски претстави. Одобрени се средства за организација на меѓународниот фестивал Денови на комедија, како и Меѓународниот фестивал на проза. Програмските средства за 2023 година изнесуваат 4 милиони и 100 илјади денари, што е значајно намалување за разлика од минатата година, кога биле одвоени 5 милиони и 600 илјади денари.

Од културната установа очекуваат наредната седмица на владина седница да се усвојат и средствата на реконструкција на народниот театар.

 

Коментари

коментар(и)