(ВИДЕО) Општината го објави огласот за пакет линиите за превозот

Општина Куманово го објави огласот за  пакет линиите за општинскиот јавен превоз во Куманово.

Пакет 1 се однесува за линијата Зелен рид-Железничка станица, и линијата Куманово-ГП Табановце.

Пакет 2 е од Бедиње до село Доброшане и линијата Куманово-Новосељане-Косматац-Мургаш

Пакет 3 е за локација Ливаде-Карпош-Железничка станица и линијата Куманово-Четирце.

Пакет 4 е Бедиње-село Тромеѓа и линијата Куманово-Шупли Камен

Пакет 5 е Романовце-Куманово и линијата Куманово-Табановце-Карабичане-Сопот и линијата Бајрам Шабани-Бедиње

Пријавите се поднесуваат до Комисија за спроведување на постапка за избор на превозници за општински линиски превоз на патници на подрачје на Општина Куманово најдоцна 15 дена од денот на објавувањето на огласот, односно до 15-ти април до 12 часот, во затворен плик во архивата на Општина Куманово.

Условите се возилата да со минимум еуро 4 еколошки стандарди, да имаат сопствен паркинг, да се впишани во Централниот регистар, и да имаат регистирано приоритетна дејност за вршење превоз на патници во патниот сообраќај.

Пријавите ги разгледува комисијата именувана од градоначалникот на Општина Куманово. За комплетните пријави поднесени во рокот, Комисијата изготвува Извештај со предлог за давање на дозвола за пакетите на линиите кој го доставува до градоначалникот на Општината за вршење на избор.

По извршениот избор од Градоначалникот на Општина Куманово, со избраниот превозник се склучува договор во писмена форма во кој поблиску се утврдуваат постапката и начинот за вршење на дејност од јавен интерес.

 

Коментари

коментар(и)