ВИДЕО: Општината субвенционира подобрување на енергетска ефикасност  

Претседателката на Советот на Општина Куманово,  Ивана Ѓоргиевска, заедно со претставници од Секторот за меѓународна соработка и евроитеграции, стратешко планирање,креирање политики,следење и ЛЕР денеска одржа состанок со управители на станбени згради.

Целта на состанокот е запознавање со новиот пилот проект што треба да се спроведе за подобрување на енергетската ефикасност на станбените објекти во општината.

Проектните активности ќе се реализираат со финансиска поддршка на Хабитат Македонија, со субвенционирање од Општината.