Меѓународните саеми „Органска трпеза 2025“ и „Агро Мак 2025“ повторно во Куманово, последниот викенд од месецов.
Производители, занаетчии, институции, фирми од Македонија и од целиот Балкан ќе имаат можност од 26 до 28 септември да ги изложат производите и да ги понудат на посетителите во спортско -рекреативниот центар, кај градскиот базен.
Настанот ќе биде збогатен со гастрономска манифестација со натпреварувачки карактер, ревијална изложба на домашни миленици и украсна живина и многу други содржини.
Саемите претставуваат можност за промоција на органски и традиционални производи, презентација на модерни земјоделски технологии и иновации, поврзување со нови пазари и бизнис партнери, унапредување на агросекторот, регионалната и локалната економија, вмрежување и размена на искуства,.
Бидете дел од „Органска трпеза 2025“ и „Агро Мак 2025“ – таму каде што се среќаваат природата, иновацијата и заедништвото!, порачува Драган Цветковиќ, претседател на Организацискиот одбор на меѓународните саеми.