ВИДЕО: Отворена клупската изложба „Мајски салон 2023” на Фото кино клубот „Козјак“

Околу 60 фотографии се дел од клупската изложба на уметничка фотографија „Мајски салон 2023“ на Фото кино клубот „Козјак“ што беше отворена вчеравечер во Центарот за култура. ”. Публиката имаше можност да види најразлични фотографии, моменти од реалноста, емоции, многу мигови ставени во рамка. Изложените дела се показател на сериозноста и посветеноста со која Фото кино клубот „Козјак“ пристапува на оваа уметност и претставува уште еден доказ за оправданоста на интернационалното реноме кое го има клубот.

Посетителите во рамките на салонот имаа можност да ја видат и изложбата на уметничка фотографија насловена „Различни погледи” од Словенија.

Традиционалната клупска изложба „Мајски салон 2023“ е една од активностите по повод 75 години постоење на клубот.

Изложбата е поддржана од Општина Куманово, Министерството за култура на СРМ, НУЦК „Трајко Прокопиев“ и Фото сојуз на Македонија.

Коментари

коментар(и)