Државното средно училиште „Киро Бурназ“ денеска организираше отворен ден во рамките на кој идните средношколци имаа можност да се запознаат образовните профили што ги нуди Регионалниот центар за стручно образование и обука.
„Преку презентации, демонстрации и директна комуникација со наставниците и учениците, деветоодделенците почувствуваа како изгледа да се биде дел од нашето училишно семејство“, велат од ДСУ РЦСОО „Киро Бурназ“.
Во прва година во средното училиште „Киро Бурназ“ можат да се запишат 300 ученици во 12 паралелки, од нив 225 ученици во 9 паралелки со настава на македонски јазик, останатите со настава на албански јазик.
Деветооделенците можат да изберат еден од шесте сектори во стручното училиште
-сектор земјоделство, рибарство и ветеринарство
-сектор хемија и технологија,
-сектор лични и други услуги,
-сектор машинство,
-сектор сообраќај, транспорт и складирање или
-сектор здравство и социјална заштита.