„Во првата година од мандатот сервисирани се речиси 196,6 милиони денари за плати, доверители и наследени долгови“, соопшти на денешната прес-конференција в.д.директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Сашо Томиќ. Едногодишното менаџирање со комуналното претпријатие беше проследено и со нередовно изнесување на сметот поради честите дефекти и недоволен број на камиони, опожарувањето на депонијата Краста, но и обновата на возниот парк со три специјализирани возила како помош од Владата. Во моментов собирањето на сметот се врши со 11 или 12 камиони во неколку смени вели Томиќ, потенцирајќи дека во наредниот период со нова опрема за комунална хигиена, градот, но и приградските и селските средини ќе бидат почисти.