ВИДЕО: Патронен празник и отворен ден на гимназијата „Гоце Делчев“

Гимназијата „Гоце Делчев“ денеска го одбележа патрониот празник на училиштето.

Делегации на гимназијата, локалната самоуправа, Советот на општина Куманово, политички партии, здруженија, граѓани положија цвеќе пред бистата на патронот Гоце Делчев, а за празникот на училиштето, за успесите на државно и меѓународно ниво говореше директорката Марија Тодоровска.

Беа доделени и благодарници за најуспешните ученици од минатата учебна година, Илина Арсовска, Ива Додевска и Јована Лазаревска.

Паралелно со одбележувањето на патрониот празник, успешно се реализираше и отворен ден на училиштето на кој идните средношколци имаа можност директно од сегашните гимназијалци да се запознаат со предностите на образовните подрачја што се изучуваат, но и со новините во следната учебна година, првпат паралелка на англиски наставен јазик.